Турска работа: Партизан жестоко казнет за банерот на кој Обилиќ го убива султанот!
Според образложението на дисциплинската комисија, клубот ги прекршил правилата за недискриминација и забранет говор на омраза, откако навивачката група „Гробари“ во пресрет на мечот од 12. коло прикажа кореографија со митската сцена на убиството на султан Мурат од страна на Милош Обилиќ. Веднаш потоа, голем дел од трибините запеа песна со навредлива содржина – „Секој Турчин знае, секоја була знае…“, што предизвика реакции во јавноста и меѓу спортските кругови.
Покрај паричната санкција, Партизан доби и официјално предупредување. Од Евролигата нагласуваат дека доколку се повтори сличен инцидент, клубот би можел да биде принуден да игра домашни натпревари со значително ограничен број публика – максимум 20 проценти од капацитетот на салата.