Чудо на „Енфилд“: Шефовите на Ливерпул го молат Клоп да им ја спаси сезоната!

Јирген Клоп би можел привремено да се врати на клупата на Ливерпул доколку клубот реши да го отпушти актуелниот менаџер Арне Слот, јавува британски „Сан“.

Според изворите на весникот, раководството на „црвените“ не ја исклучува можноста да му се обрати на германскиот стратег со понуда да ја доврши оваа сезона во обид да спаси што може да се спаси, доколку дојде до раскин на соработката со Слот.

Клоп го водеше клубот од „Енфилд“ од октомври 2015 до јуни 2024 година, период во кој освои голем број трофеи. По неговото заминување, тимот беше преземен од холандскиот тренер.

Ливерпул по 12 одиграни кола во Премиер-лигата се наоѓа на 12. позиција на табелата, а пред неколку дена беше посрамотен на домашен терен од ПСВ (1-4) во Лигата на шампионите.