Ван Дајк капитенски - со писмо се обрати на фановите! (ФОТО)
Ливерпул врза три порази по ред со по три гола разлика, нешто што изгледаше незамисливо пред некое време. Тимот игра очајно оваа сезона, речиси и да нема фудбалер со преодна оценка.
Ван Дајк верува дека тие може да се издигнат на оваа ситуација и да им се вратат на победите.
„Се соочуваме со еден од најтешките моменти на нашето патување, но одбиваме тоа да не дефинира. Ќе се издигнеме од ова. Верувам во овој тим со се што имам.
Ништо не ни било дадено на нас - сме се бореле за се и овој момент не е поинаков.
Не се предаваме. Секој предизвик е можност. Мора да се издигнеме заедно, да се кренеме заеднички и да ја покажеме силата која лежи во нас.
До фановите, породолжете да ни давате поддршка. Си требаме сите заедно повеќе од било кога“, напиша Вирџил ван Дајк.
