Сите се држеа за глава: За десет секунди постигна девет поени и донесе победа! (ВИДЕО)

На мечот меѓу Велика Британија и Литванија се случи еден од најголемите пресврти, гостите губеа со седум поени разлика на десет секунди до крајот, Литванците го добија мечот со 89-88.

Ѕвездата е Игнас Саргиунас, кошаркарот на Литвос Ритас. Беше 87-80 кога тој на 9,8 секунди до крајот погоди тројка и намали на 87-83 за Британците.

Литванија направи брз фаул, а домаќинот реализираше едно од двете слободни фрлања. Сергунас даде уште една тројка, намали на 88-86, имаше уште 3,5 секунди до крајот.

Британците направија лошо додавање, ја загубија топката, а тој даде тројка и од половина терен за победа на Литванија од 89-88.  Неверојатно, во салата сите се држеа за глава.