Каков пропуст: Барса се откажала од Кукуреља поради играч кој денес е речиси заборавен!

Марк Кукуреља денеска е фудбалерот кој е главнаа тема во Европа, откако вчера одигра фантастичен натпревар против Барселона и целосно го запре Ламин Јамал.

Кукуреља на крајот и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот во кој Барселона славеше со 3-0, а интересно е што можеби и натпреварот на кариерата го одигра против клубот кој не веруваше во него.

Кукуреља е роден Каталонец и до својта 12 година беше член во академијата на Еспањол од каде што Барселона го доведе. Преку младинските категории дојде и до Барселона „Б“, а во 2018 година како 20-годишник беше веќе зрел за одлична алтернатива за Жорди Алба.

Сепак, тогашниот претседател Хозе Марија Бартомеу го доведе Жуниор Фирпо од Бетис за 15 милиони евра, додека Кукуреља прво беше позајмен во Еибар, па во Гетафе кој го откупи за 12 милиони евра.

Барса се одлучи за Фирпо кој не се снајде и веќе наредното лето беше продаден во Лидс, минатото лето се врати во Бетис каде што сезонава речиси и да не игра. Кукуреља од друга страна е одличен во Челси.