Зеќири: Фаворити сме, очекуваме да ги победиме Азербејџан и Ирска!
Зеќири верува дека Македонија може да слави и во двата дуели и да го освои првото местово групата.
„Очекувањата за мечевите со Азербејџан и Ирска се да победиме. Ние сме фаворити, го имаме и домашниот терен на првата средба, но мора да бидеме и доста внимателни, затоа што мало опуштање може да ги однесе натпреварите во поинаков тек“, истакна Зеќири.
Од посебно значење Зеќири го истакна враќањето на Војдан Стојаовнски.
„Со враќањето на искусните играчи, како Војдан Стојановски, и ние можеме да напредуваме и да учиме од нив. Да собираме искуство како да одиграме меч, како да завршиме или привршиме меч. Верувам дека, ако сите ги исполниме задачите на селекторот, можеме до првото место“, додаде македонскиот репрезентативец.
Натпреварот против Азербејџан го играме на домашен терен во СРЦ „Кале“ утре од 19:00 часот и влезот за сите кои сакаат да присуствуват е бесплатен.