Сколс удри по Слот: Падот на Ливерпул започна откако тој беше ди-џеј на Ибица
Пред само шест месеци Ливерпул убедливо ја освои итулата шампион на Англија, но денеска стуација е поинаква, се наоѓаат на 12. место на табелата и холандскиот стратег е мета на критики.
„Мислам дека сето ова започна пред крајот на минатата сезона, се сеќавате кога ја освоија лигата? Формата им падна, заминаа на Ибица или нешто слично. Слот беше ди-џеј и тоа беше пред сезоната да заврши. Мислам дека така покжа непочтување, па сега дојде времето за напалта, за мене такво нешто во тек на сезона, без разлика дали сте ја освоиле или не титулата, не треба да се прави“, изјави Сколс.
Ќе потсетиме, Ливерпул летово потроши огромни пари на засилување и најголем од јавноста очекуваа нивната доминација да продолжи.