Луда сцена на „Олд Трафорд“: Фудбалер на Евертон се степа со соиграч, доби црвен картон! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Евертон по само 13 минути игра останаа со фудбалер помалку во дуелот против Манчестер јунајтед и тоа поради една необична сцена.

Директен црвен картон заработи 36-годишникот Идриза Гана Геј кој од некоја причина сакаше да се пресмета со својот соиграч Мајкл Кин на кого му удри шлаканица, па така го остави својот тим со фудбалер помалку на теренот.

Нема дилеми дека по еден ваков потег Геј може да го очекуваа и казна од клубот.