Рапсодија среде Торино, четата на Фабрегас „пукна петарда“! (ВИДЕО)
Доминираа избраниците на Фабрегас од самиот почеток на средбата и резултатот го отворија преку Абдаи во 36. минута. Торино иако беше во подредена улога сепак успеа во завршницата од првиот дел да дојде до израмнуваање, погоди Власиќ од пенал.
Не помина многу во второто полувреме, по само седум минути игра Абдаи постигна втор гол за ново водство на Комо. На 20-тина минути пред крајот од средбата Рамон зголеми и на 3-1, па тука веќе беше јасно дека гостите ќе немаат никакви шанси. Во продолжение за целосен дебакл на Торино се погрижија Нико Паз и Батурина.
Треба да истакне и дека за Комо ова е прва победа на овој стадион во Торино по пауза од цели 39 години.
Martin Baturina 86'
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 24, 2025
Serie A | 🇮🇹 Torino 1-5 Comopic.twitter.com/YmEIILFlPN