Македонската кошаркарска репрезентација од денеска повторно е заедно во подготовките за двата натпревари во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Во овој циклус кошаркарите ќе одиграат два натпревари, еден дома против Азербејџан кој е закажан за три дена од 19:00 часот  во „Кале“, додека во вториот ќе гостуваме на Ирска на 30 ноември.

Македонија и во овој собир ќе биде без Димитриејвиќ за кого селекторот Илиевски немаше објаснување зошто не е тука бидејќи едноставно не одговарал на повиците, но се враќа Војдан Стојановски, а исто така ќе сметаме и на Џејкоб Вајли, Адем Мекиќ и Андреј Магдевски.

Новитет е Андреј Јакимовски кој пристигнува со одлична форма од италијанскиот Тренто.

Селекторот Илиевски како опција ќе го има и Омари Мур кој на подготовките ќе пристигне во среда и помеѓу него и Вајли, Илиевски ќе одлучи кој ќе настапи. Нејц Сестина е надвор од комибнација за овој собир поради повреда која ќе го оддалечи од терените три месеци.

Пласман  во втората рунда од претквалификации од нашата група ќе обезбеди само првопласираната селекција.