ФФМ пресече: Детонит ги доби трите бодови од мечот со Преспа

Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) имаше седница на која донесе одлука да му се додели службена победа на Детонит во пресметката со Преспа.

Мечот меѓу Детонит и Преспа во 13. коло од Втората лига заврши без победник (1-1), но поради неправилности при измените на фудбалерите до 21 година беше донесена одлука бодовите да му припаднат на домашниот тим.

Детонит по оваа одлука останува на седмата позиција со 23 бодови, додека Преспа ќе падне на 15. место со девет поени.

Фото: ФК Детонит Плачковица