Една лоша и две добри вести за Барселона пред гостувањето кај Челси

Шпанскиот шампион Барселона утре гостува кај светскиот клупски првак Челси во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Ханси Флик доби извештај за повредените фудбалери.

Барселона утре нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери, а тоа е шпанскиот репрезентативец Педри.

Шпанецот оваа сезона настапи на 13 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна два гола и две асистенции пред да се повреди.

Добра вест за Флик и Барселона е тоа што во тимот се враќаат Балде и Маркус Рашфорд, кои ќе бидат подготвени да се соочат со „сините“.