Винисиус со уцена до Реал Мадрид поради односот со Алонсо!
Винисиус Жуниор ја известил управата на шпанскиот гигант дека нема да потпише нов договор со „кралевите“, а наводно причината за тоа е неговиот однос со Алонсо.
Информацијата ја пренесе и познатиот новинар Фабрицио Романо, кој претходно исто така пишуваше дека има тензии во соблекувалната поради караницата на Алонсо и Винисиус.
Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез има доверба во тренерот Алонсо, но исто така сака да го продолжи договорот со Бразилецот, па во следниот период ќе мора да најде решение на овој проблем.
Винисиус со уцена до Реал Мадрид поради односот со Алонсо!