Англиски тим загубил со 0-7, па им ги вратил парите за билети на навивачите (ФОТО)

По катастрофалниот пораз од 0-7, фудбалерите на англискиот шестолигаш Истборн Боро решиле на навивачите да им ги вратат парите за влезници.

Дури 45 навивачи на Истборн биле на долгото патување до Торки јунајтед, но нивниот омилен тим примил дури седум голови.

Истборн се наоѓа на последното место на табелата, со само две победи во 18 натпревари, а фудбалерите решиле да им ги вратат парите.

„По денешниот неприфатлив резултат, играчите ќе ги надокнадат трошоците за влезници на сите навивачи кои патуваа“, соопшти екипата.

Фото: Eastbourne Borough FC