Деветти пораз за Работнички: Струга ја продолжи потерата по Вардар (ФОТО)
Струга го стресе тимот од Дебар Маало во 11. минута преку Стефан Јевтоски за предност од 1-0, а потоа Малески успеа да ја зголеми предноста на 2-0 откако излезе сам пред Василев и ја испрати топката во мрежата на Работнички.
Скопскиот тим се обиде да возврати и се закани неколку пати преку Имери, но голманот на Струга беше на висина на задачата и гостите ја задржаа предноста од 2-0.
Работнички успеа да ја врати неизвесноста со погодок во 54. минута на Димитар Трајков со кој намали на 1-2, а притоа се понадева дека може да избегне нов пораз во македонската лига.
Надежите за спас им ги урна Шабани, кој во 70. минута ја затресе мрежата на Работнички и донесе нови три бодови за Струга.
Standings provided by Sofascore




