Џејми Варди си го тргна презимето и на дресот го носеше - прекарот на сопругата!

Англискиот напаѓач Џејми Варди привлече големо внимание за време на натпреварот против Рома во неделата, откако на дресот реши да го носи прекарот на сопругата Ребека Варди.

Варди учествуваше во долгогодишната иницијатива во Серија А против насилството над жените, во пресрет на Меѓународниот ден на борбата против насилството.

Како еден вид на поддршка, играчите на дресовите можеа да го носат името на жената која им е важна, а Варди ја избра неговата сопруга.

Варди од оваа сезона игра за Кремонесе, откако претходно 13 години го носеше дресот на Лестер сити.