Игра во петта лига, заработува 500 евра месечно, а ќе брани на СП 2026!
Тој брани во тимот на Космос од Гобленц кој се натпреварува во петтата германска лига. 25-годишниот голман заработува скромни 500 евра месечно од фудбалот, па за да преживее работи и друго.
Но, Диверже ќе се појави на најголемата фудбалска сцена, ќе се сретне против најдобрите, против фудбалерите кои заработуваат милиони играјќи ја истата игра како и тој.
Хаити со победата од 2:0 над Никарагва го потврди првото место во групата „Ц“ од квалификациите на КОНКАКАФ. И тоа во речиси невозможни услови, земјата со години се соочува со политичка нестабилност, растечко насилство и природни катастрофи.
Главниот град Порт-о-Пренс е под контрола на вооружени банди кои, според проценките, контролираат околу 85 проценти од градот. Националниот стадион, пак, уште во март 2024 година беше преземен од криминални групи.
Репрезентацијата на Хаити нема одиграно натпревар на домашен терен од јули 2021 година, кога беше убиен претседателот Жовенел Моиз. Оттогаш квалификациите ги игра најчесто во земји од соседството, последниот натпревар на домашен терен против Јамајка го играа на стадионот на Курсао кој исто така сее пласираше на Светското првенство.