Одбраната на Мењан не беше случајност, туку - маестрална психолошка игра! (ВИДЕО)

Мајк Мењан беше херојот на Милан во победата над Интер, голманот на росонерите имаше неколку одбранети удари, а јаготката на шлагот беше фатениот пенал на Чалханоглу.

Статистиката на Чалханоглу е дека најголемиот дел од пеналите ги шутира на неговата лева страна. Тоа го знаеше Мењан и се позиционираше така што остави повеќе простор на омилената страна на Турчинот со што психолошки го насочи пак да шутира таму.

Кога се залета Чалханоглу, Мењан се приближи централно на голот и без проблем му ја фати топката на фудбалерот на Интер.

Тоа го објасни и легендарниот италијански голман, Лука Маркеџани.

„Иако беше само малку надвор од центарот на голот, визуелно десната страна на Мењан изгледа многу поширока и ве искушува да шутнете таму. Потоа тој направи мала финта, се врати речиси до центарот и направи одлична одбрана“, рече Маркеџани.