Нашиот Емил има големо срце – победата над Ефес ја посвети на дете болно од канцер (ВИДЕО)

Екипата нанТофаш синоќа направи уште еден подвиг во турската кошаркарска лига, совладувајќи го Анадолу Ефес на свој паркет, обезбедувајќи го вториот голем триумф сезонава, по победата над Фенербахче на стартот од сезоната.

Во атмосфера на голема еуфорија, тренерот Емил Рајковиќ повторно се истакна со својот човечки пристап. Македонскиот стратег, кој ја води екипата од оваа сезона, ја посвети победата на млад навивач што води борба со канцер на лимфниот систем. Момчето Кузеј присуствуваше во соблекувалната по натпреварот и се сретна со играчите, кои го пречекаа со силни емоции.

„Кузеј е поголем борец од сите нас. Ние се бориме за резултати и кариери, а тој за нешто многу поважно“, им порача Рајковиќ на своите кошаркари, отворајќи му простор младото момче да се приклучи и на тимскиот поздрав.

Тофаш ја завршува репрезентативната пауза како шестопласиран тим со биланс 5–4, а следниот натпревар го игра на 7 декември на гостински терен против Ерокспор.