На досега невиден начин беше објавен новиот договор на Иско со Бетис! (ВИДЕО)
Иско денеска се врати по долгата пауза поради повреда, а во исто време го продолжи и договорот со Бетис, стави потпис на соработка до 2028 година.
Неговиот договор беше објавен со голем банер кој го извадија навивачите на Бетис на трибината.
Жирона од првото полувреме имаше водство од 1-0. Иско во игра влезе во 60. минута, а само 15 минути подоцна асистираше до Гомез кој изедначи на 1-1.