Рајковиќ со Тофаш го победи големиот Анадолу Ефес!
Уште една важна победа на Рајковиќ со Тофаш, овојпат над славниот Анадолу Ефес.
Натпреварот беше изедначен во првите три четвртини, а во последните 10 минути кога се решаваше победникот, Тофаш одигра брилијантно, го доби периодот со 27-19 и славеше со 86-79.
По девет одиграни кола, Тофаш се наоѓа на шестото место во турската Суперлига со пет победи и четири порази.