Одговор од Преспа до Детонит: Никаде не пишува дека тројца младинци треба да играат 90 минути!
Детонит во својата жалба пишува дека Преспа во натпреварот кој заврши 1-1 го прекршила правилото за младинци на терен.
Сепак, од Ресен сега возвраќаат и велат дека никаде во правилникот на ФФМ не пишува дека цели 90 минути тимот треба да има тројца фудбалери до 21 година на теренот, односно дека е доволно да почнат и да завршат со тројца.
„Во пресрет на утакмицата во Радовиш на ден 21.11.2025 година противник ни беше екипата на Детонит Плачковица, во еден фер и коректен натпревар со резултат 1:1 , наш прв бод во гости ! Поднесена е жалба од домашната екипа и е објавена по порталите за неправилна замена , ние утакмицата ја започнавме со тројца играчи и ја завршивме исто со тројца играчи до 21 година според правилникот на официјалната страна на ффм! Никаде не е нагласено дека мора да на сите 90 минути да имаме тројца играчи на терен до 21 година!
Нашата борбра е за опстанок и секој бод ни е потребен нема да дозволиме да ни биде оддземен ке одиме до крајност!
Жално е на децата кои изгинаа на терен да му се одземи бод кој можи многу да ни значи Спортски поздрав до домакините за фер и коректниот натпревар!“, стои во реакцијата на тимот од Преспа.