Пелистер рутински го доби Пролет, Бутел го прегази фенерџијата

Екипата на Пелистер запиша уште една, 11 победа во ракометната Суперлига откако денеска со 31-25 славеа на гости кај Пролет.

Победата фаворитот ја најави од самиот старт со водство од 5-0, а во продолжение се беше само рутинско одработување на задачата. Пролет најмногу што успеа да се доближи беше на „минус три“, повеќе од тоа не можеше.

На одмор битолскиот клуб замина со водство од 14-11. Во второто полувреме предноста на актуелниот шампион одеше и до највисоки осум гола. На крајот избраниците на Гарабаја славеа со шест гола разлика.

Maнасков беше одличен кај Пелистер со осум гола, додека најефикасен на средбата беше Андреј Стојановски кој за Пролет постигна еден повеќе.

Во вториот натпревар кој се одигра нешто претходно Бутел исто така ја оправда улогата на фворит и со 36-20 го прегази последнопласираниот Радовиш кој е единствен без бодови.