Jaмал магично асистираше, Барселона во голем стил се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Екипата на Барселона денеска имаше победничко враќање на „Камп Ноу“ и тоа со триумф од 3-0 против Атлетик Билбао.

Доминираа избранците на каталонскиот гигант од почетокот до крајот на теренот и на крајот заслужено ги освоија бодовите. Многу рано, уште во четвртата минута го отворија резултатот со погодокот на Лендовски.

Пред крајот на првото полувреме, Ламин Јамал испрати едно маестрално додавање до Фермин Лопез кој тоа знаеше да го искористи и да го совлада гостинскиот голман за 2-0.

Во второто полувреме, Барселона продолжи да има контрола над резултатот, а постигна и уште два гола преку Лопез и Феран Торес. Јамал не постигна гол, но блесна и со втора асистенција за вториот гол на Феран Торес.

Работата на Билбао беше отежната и со црвениот картон кој го заработи Сансет во 54. минута.