Eкс-напаѓачот на Јунајтед игра во страшна форма - влезе во друштво на Халанд, Мбапе и Кејн!

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд игра во фантастична форма, а на последниот натпревар постигна два гола во победата на Олимпик Марсеј над Ница од 5-1.

Со овие два погодоци Гринвуд дојде до бројката од десет со што е прв стрелец во првенството, но има и уште три асистенции.

Интересно е што англискиот напаѓач е еден од ретките фудбалери во најсилните првенства кој од почеткот на сезоната има „десет плус“голови и асистенции. Така влезе во друштво на: Хари Кејн (13-+3), Ерлинг Хлаанд (14+1) и Килијан Мбапе (13+2).

Инаку, Марсеј го откупи Гринвуд од Манчестер јунајтед летото за 24 милиони евра.