Манчестер Сити и Баерн Минхен влегоа во војна поради - голем талент на Феенорд!

Манчестер Сити го насочи вниманието кон младиот десен бек на Феенорд, Џивајро Рид, кого клубот го гледа како една од главните цели за летниот трансфер период следната година, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Според него, интересот за 19-годишниот Холанѓанец е голем и од Германија, со оглед што Баерн Минхен веќе воспоставил контакт со неговите претставници. Двата европски гиганти се подготвени да влезат во жестока битка за потписот на еден од најперспективните дефанзивци на континентот.

Рид блеска во актуелната сезона, во која веќе одигра 15 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи еден гол и запишувајќи три асистенции во 947 минути игра. Со својата брзина, техника и смиреност, тој се етаблира како еден од најпожелните млади фудбалери во Европа.

ФОТО: EPA PHOTO