Јокиќ му одржа лекција на турскиот „Бејби Јокиќ“, па го стави на - постер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер го совладаа Хјустон (112-109) во меч од ноќешната програма во НБА, која се сметаше и за Куп натпреварување, а клучно за тоа беше блескавата партија на Никола Јокиќ уште еднаш потврди дека е лидер во трката за МВП трофејот.

Српскиот центар беше клучната фигура на теренот, завршувајќи со 34 поени, 10 скокови и девет асистенции, само чекор до нов трипл-дабл. Дуелот со Алперен Шенгун привлече големо внимание по нивната последна пресметка на Европското првенство, по која турскиот „Бејби Јокиќ“ доби многу пофалби. Јокиќ овој пат доминираше во сите сегменти од играта и јасно ставајќи до знаење дека ривалот не може да го следи неговото темпо.

Клучниот момент се случи во третата четвртина при минимално водство на Денвер (53-51). Србинот ја презеде топката на врвот на рекетот, со финта го натера Шенгун да скокне прерано, а потоа проби под кошот. Турскиот центар се обиде да го стигне, но заврши на „постер“ откако Јокиќ моќно заби преку него — акција која ја крена публиката на нозе и целосно го сврте текот на натпреварот.

Во други натпревари од НБА-програмата беа забележани неколку неочекувани исходи. Бостон капитулираше против Бруклин, додека Голден Стејт загуби на домашен терен од Портланд. Торонто, пак, стана првата екипа што обезбеди пласман во четвртфиналето од НБА купот.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Индијана 120-109, Бостон – Бруклин 105-113, Торонто – Вашингтон 140-110, Чикаго – Мајами 107-143, Далас – Њу Орлеанс 118-115, Феникс – Минесота 114-113, Хјустон – Денвер 109-112, Голден Стејт – Портланд 123-127, Јута – Оклахома 112-144.

ФОТО: X / @nuggets