Познато колку билети ќе добијат македонските навивачи за дуелот во Данска
Стадионот „Паркен“ во Копенхаген, каде што најверојатно ќе се игра дуелот меѓу Данска и Македонија има капацитет од 38065 навивачи, додека нашите навивачи ќе добијат само пет отсто од билетите или околу 1900 влезници.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март од 20.45 часот, додека финалистот ќе се соочи против победникот од средбата меѓу Р. Ирска и Чешка пет дена подоцна во истиот термин.
Навивачите од Македонија, сепак, нема да можат да патуваат директно од Скопје кон Копенхаген затоа што летот е укинат, но затоа имаат опција да летаат до Малме, кој се наоѓа на само 40 минути возење.