Македонија со Данска ќе води битка за финалето во баражот!

Фудбалската репрезентација на Македонија на денешната ждрепка го дозна противникот во полуфиналето во мундијалскиот бараж каде што ќе играме против Данска.

Од претходно беше познато дека натпреварот ќе го играме на гостински терен, а дуелот е закажан за 26 март, пет дена подоцна на програмата е финалето.

Ако Македонија игра во него, ќе се соочи подобриот од пресметката помеѓу Чешка и Ирска за жал ждрепката одлучи и тој дуел да го играме на гостински терен.