Куртоа: Мбапе оваа сезона е различен од минатата!
Реал Мадрид минатата сезона не освои ништо, а Мбапе иако се прилагодуваше на тимот постигна многу голови, но на крајот тоа немаше ефект.
Куртоа вели дека оваа сезона има разлика во менталитетот на Мбапе, тој делува како вистински лидер и победник.
„Оваа година гледаме голем напредок во победничкиот менталитет на Мбапе. Може да кажете дека тој е лидер“, вели Куртоа.
„Минатата сезона имаше мали проблеми да се адаптира на тимот и неговата позиција, но оваа година тој нѐ води нас“.