Данска не ја памети Македонија по добро, еднаш силно ја треснавме во Скопје! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска ја доби Данска за противник во мундијалскиот бараж, не беа Данците најпосакувани, но исто така се и селекција која сме ја победиле и тоа убедливо во Скопје.

Не така одамна во 2013 годна, Данска гостуваше во Скопје во пријателски натпревар и тоа гостување нема да го памети по добро затоа што Македонија славеше со 3-0.

Македонија фуриозно го почна тој натпревар, Пандев отвори во деветтата минута, Ибраими зголеми на 2-0 во 17-тата и Новески се погрижи за 3-0 во 24. До крајот резултат не се промени.

Сега баражот со Данска е закажан за на 26 март и ќе го играме на гостински терен. Со Данците имаме одиграно и уште два дуели во кои забележавме реми (1994) и пораз (1995).