Сите што ја потопија Данска во 2013 - сега се функционери во ФФМ!

Македонија ќе игра против Данска во полуфиналниот бараж за СП, а интересно е што луѓето кои веќе еднаш ја потопија Данска во Скопје денеска се во раководството на ФФМ.

Станува збор за пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Данска во 2013 година кога Македонија победи со 3-0. Тогаш трите погодоци Македонија ги постигна уште во почетните минути.

Горан Пандев отвори во деветтата, потоа Ибраими зголеми на 2-0 во 17-тата, додека за 3-0 уште пред истекот на половина час се погрижи Николче Новески. Денес сите тројца се во функција на федерацијата.

Пандев со доаѓањето на Омерагиќ беше назначен за спортски директор, Ибраими е член на Управниот одбор, додека Новески последен се приклучи летово и тоа во улога на раководител на скаутинг службата.