Кам-бек во Работнички на 219-сантиметри високиот Хрват
Центарот кој е висок 219 сантиметри се враќа во клубот во кој настапуваше во сезоната 2023/24 и беше еден од најдобрите играчи. Откако го напушти Работнички, играше во косовскиот Башкими и во Цибона, а сега ќе се обиде да му помогне на Работнички да го прекине седумгодишниот пост и конечно да освои трофеј.
Роберт Рикиќ има големо искуство во македонската кошарка бидејќи покрај Работнички, настапуваше уште за Еуро Никел и МЗТ Скопје со кого освои шампионска титула во 2022 година. Проблем би можел да биде тоа што не играл од крајот на минатата сезона, но против Феникс во претстојното коло ќе може да се забележи во каква форма се наоѓа во моментов.