Димитриевски уште на аеродромот во Валенсија беше „нападнат“ од шпанските новинари! (ВИДЕО)

Македонскиот голман, Столе Димитриевски се најде во центарот на вниманието на медиумите во Шпанија откако за време на репрезентативната пауза во Македонија даде искрена изјава за неговата ситуација во Валенсија.

Димитриевски отворено кажа дека неговиот конкурент мора да брани поради тоа што е таков договорот меѓу Валенсија и Атлетик Билбао, а тоа покрена лавина реакции во Шпанија.

Македонскиот голман ќе има состанок во клубот, а во зависност од исходот, би можел да ја напушти Валенсија во јануари.

Веднаш по пристигнувањето во градот, Димитриевски беше нападнат од шпански новинари, но тој имаше само еден одговор: „Нема што да кажам...“.