Чешка избори бараж, а фудбалерите добија казни - најлошо помина премиерлигашката ѕвезда!
Од Федерацијата признаваат дека реакцијата на фудбалерите била „несоодветна за моментот“ и нагласуваат дека навивачите имаат целосно право да го искажат своето незадоволство од формата на националниот тим.
Според локалните медиуми, фудбалерите одбиле да го одржат традиционалниот говор на благодарност кон навивачите по завршувањето на мечот. Од Федерацијата велат дека се разочарани од ваквото однесување и очекуваат многу поголема професионалност кога се носи дресот на репрезентацијата.
„Извршниот одбор е разочаран од постапките на фудбалерите по натпрееварот со Гибралтар и им се извинува на навивачите“, стои во официјалното соопштение.
Од таму додаваат дека „ниту еден фудбалер не е над земјата што има чест да ја претставува“ и потсетуваат дека навивачите, кои вложуваат време, пари и енергија за да го поддржат националниот тим, заслужуваат почит без разлика на резултатите и формата.
Како дел од санкциите, капитетот Томаш Соучек нема да ја носи капитенската лента на следниот натпревар, а играчите ќе останат и без бонусите за споменатиот квалификациски дуел.
Средствата што биле предвидени за бонуси ќе бидат пренасочени во хуманитарни цели, ќе потсетиме Чешка во групата каде што Хрватска директно се плсираше на СП се избори за второто место и обезбеди бараж.