Леброн го испофали Дончиќ: Лука е кандидат за МВП
Од друга страна, Лука Дончиќ се истакна со 37 поени и 10 асистенции во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 140-126 над Јута Џез. Иако рефлекторите по натпреварот беа насочени кон Леброн, за кого ова беше негов прв натпревар во сезоната, 40-годишната легенда вешто ги пренасочи кон Лука, нарекувајќи го еден од главните кандидати за МВП оваа сезона.
„Кога имате играч од калибар на МВП, кандидат како Лука, кој го прави она што го прави оваа година, тогаш немам притисок да доминирам офанзивно додека тој игра на тоа ниво. Кога Лука го прави она што го прави во пик-ен-ролот, кога привлекува толку многу играчи околу себе, можам малку да се повлечам, да почекам топката да циркулира. Така доаѓа моето време, па ја фаќам мојата игра. Можам да играм четири на три, три на два и да ги пронајдам моите момци, бидејќи тие секогаш се отворени“, рече Леброн.
Тој се врати откако ги пропушти првите 14 натпревари поради ишијас и одигра дури 30 минути во своето деби во сезоната. Лос Анџелес Лејкерс сега имаат скор од 11/4 пред претстојното гостување во Јута, каде што очекуваат уште една победа.