Димитриевски уште на аеродромот во Валенсија беше „нападнат“ од шпанските новинари! (ВИДЕО)
Димитриевски отворено кажа дека неговиот конкурент мора да брани поради тоа што е таков договорот меѓу Валенсија и Атлетик Билбао, а тоа покрена лавина реакции во Шпанија.
Македонскиот голман ќе има состанок во клубот, а во зависност од исходот, би можел да ја напушти Валенсија во јануари.
Веднаш по пристигнувањето во градот, Димитриевски беше нападнат од шпански новинари, но тој имаше само еден одговор: „Нема што да кажам...“.