Јокиќ изгуби најмногу топки, но оствари и нов трипл-дабл, Денвер победи (ВИДЕО)

Денвер нагетс во изминатата вечер славеа победа над Њу Орлеанс од 125-118, а уште еден натпревар на високо ниво одигра Никола Јокиќ.

Српскиот кошаркар и во овој дуел беше предводник на својата екипа со учинок од 28 поени, 12 асистенции и 11 скокови, додека неговиот соиграч Пејтон Ватсон беше најефикасен со 32 поени и за него тоа беше рекорд на кариерата.

За Јокиќ ова беше деветти трипл-дабл од почетокот на сезоната во која има просек од 29.2 поени, 13.4 скока и 11.1 асистенции по натпревар. За новиот трипл-дабл му беа потребни три четвртини, а учинокот малку го расипа со деветте изгубени топки кои беа најмногу за него на еден натпревар сезонава.

Во овој дуел од повредата на задната ложа се врати и Зион Вилијамсон кој помина 29 минути на паркетот и средбата ја заврши со скромни 14 поени, најефикасен во редовите на поразените беше Дерик Квин кој броеше до 30 додавајќи девет скока и четири асистенции.