Лајпциг го „шутнал“ Алонсо, битолскиот херој заминува без победа во Бунедслигата!

На почетокот на јули по освоената титула во првенството со Пелистер, Раул Алонсо изненадувачки замина од Битола и го презема германски Лајпциг каде што излгеда нема да издржи долго.

Според информациите на „Билд“, бундеслигашот веќе и му соопштил на Алонсо дека може да си бара нов клуб, исто така се додава дека на негово место пристигнува Франк Карстенс кој во овој момент е тренер на Лос Анџелес од САД.

Ако се погледнат резултатите на Лајпциг и не е изненадување Алонсо да добие отказ бидејќи тимот со него нема победа во првенството и се наоѓа на последното место со десет порази и два нерешени резултати. 

Според најавите потврдата за новиот тренер ќе пристигне многу брзо и Карстенс би требало да го води тимоt веќе в сабота против Гумерсбах.