Англиски фан имаше бизарен проблем во Тирана - се заглави на врата! (ВИДЕО)

Aнглиски навивач се соочи со бизарен проблем на влезот на стадионот во Тирана пред вчерашниот натпревар против Албанија во рамките од квалификациите за Светското првенство.

Имено, навивачот на островската репрезентација се најде во проблем кога при влезот се заглави во ротирачката врата и имаше проблеми да излезе. Видеото од тој момент брзо стана вирално, но и ги насмеа присутните околу него.

„Насмеј се пријателу, славен си. Утре ќе бидеш на цел Фејсбук, можеби и уште сега за десетина минути“, му дофрли еден од присутните во близина.

Ќе потсетиме, Англија ја победи Албанија со 2-0, а од трибинитее имаше поддршка од околу 2.000 свои навивачи.