Вредат над 500 милиони евра, а немаат ниту една победа во квалификациите за СП!

Квалификациите за Светското првенство (СП) за дел од репрезентациите донесоа радост, но има и такви кои ги разочараа своите навивачи, а една од нив е Шведска.

Шведската репрезентација е во група со Швајцарија, Косово и Словенија, меѓутоа по пет одиграни меча има дури четири порази и едно реми.

Вредноста на шведскиот тим се проценува на повеќе од 500 милиони евра, а ги имаат и најдобрите напаѓачи како Виктор Ѓокереш и Александар Исак, меѓутоа тоа не даде резултат.

Фото: Svensk fotboll