Македонија во проблеми: Муслиу отпадна, а Атанасов е неизвесен за Велс!

Македонија гостува кај Велс во Кардиф во последното коло од квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година, а селекторот Благоја Милевски има одредени кадровски проблеми.

Висар Муслиу нема да настапи против Велс поради повреда, додека Јани Атанасов е неизвесен за настап затоа што чувствувал болки пред тренингот кој е закажан за денеска.

Натпреварот меѓу Велс и Македонија се игра утре вечер од 20.45 часот во Кардиф.