Велшаните не мислат многу на Македонија, ќе се исподавеа пред два дена! (ФОТО)

Македонија утре од 20.45 часот ѝ гостува на Велс во Кардиф, каде што го игра решавачкиот меч во борбата за втората позиција од групата во квалификациите за Мундијалот, но домаќините се соочија со големи проблеми и тоа е главна тема во земјата.

Големи поплави и штети беа предизвикани во Велс по бурата „Клаудија“ пред два дена, при што стотици жители мораа да бидат евакуирани и да бидат спасени.

Ураганот ги вознемири сите во главниот град на Велс, па тоа е главна тема во медиумите, затоа што граѓаните не се задоволни од службите кои навремено не си ги вршеле основните работи и дозволиле да се случи хаос.

Велс ја пречекува Македонија во Кардиф на 18 ноември од 20.45 часот во осмото коло од квалификациите за СП.