Јокиќ и повреден ги „гази“ ривалите, Дончиќ му одржа лекција на Гркот Јанис (ВИДЕО)

Еден од најдобрите светски кошаркари во моментов, Никола Јокиќ, почувствува болки во зглобот пред дербито со Минесота (123-112), но и покрај здравствениот проблем реши да да го одигра мечот во кој го предводеше Денвер нагетс до седмата победа по ред.

Српскиот центар средбата ја заврши со уште еден маестрален трипл-дабл против еден од најдобрите дефанзивци во лигата, Руди Гобер. Тој уште еднаш го демонстрираше својот универзален талент и ја „растури“ одбраната на Минесота, завршувајќи со 27 поени, 12 скока и 10 асистенции, негов седми трипл-дабл сезонава. Шутерски беше на високо ниво (8/15 од поле), погодувајќи и 3 тројки од 6 обиди, иако играше со болка во зглобот. Додаде и две украдени топки, една блокада, но имаше и шест изгубени топки и четири лични грешки за 42 минути на паркетот.

Во редовите на Денвер блескаа уште и Мареј, Хардавеј Јуниор и Гордон, кои постигнаа по 23 поени, дополнително потврдувајќи ја доминацијата на „нагетси“. Кај „волците“, Едвардс и Рендл беа најрасположени со по 26 поени, а Рид донесе солидни 19 поени од клупата, но тоа не беше доволно за да се сопре разиграниот поранешен шампион.

Во Милвоки се одигра вториот дерби-дуел на вечерта, каде ЛА што Лејкерс доминираа и ги совладаа домашните Бакс со убедливи 119:95. Најзаслужен беше Лука Дончиќ, кој повторно одигра спектакуларен меч и уфрли 41 поен. Поддршка доби од Ривс (25 поени) и Ајтон (20 поени), додека Јанис Адетокумбо беше најдобар кај Милвоки со 32 поени, но без соодветна помош од соиграчите.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Мемфис 108-100, Шарлот – Оклахома 96-109, Индијана – Торонто 111-129, Милвоки – ЛА Лејкерс 95-119, Минесота – Денвер 112-123.