Главоболки за Артета пред големото дерби на Северен Лондон!

Арсенал се соочува со сериозни повреди во одбрамбената линија, Микел Артета веројатно нема да може да смета на двајца клучни играчи за дуелот со Тотнем.

По паузата за репрезентации, првиот меч на Арсенал е дербито против најголемиот ривал, соседот Тотнем.

Дефанзивците Калафиори и Габриел се повредени и нејасно е дали ќе може да настапат на големото дерби.

Калафиори отиде со италијанската репрезентација, но брзо беше вратен оттаму.

„Калафиори го напушти тренинг кампот. Се обидовме со него, но имаше неколку проблеми. Можеби и можеше да игра, но тоа немаше да биде фер кон него и кон Арсенал“, рече Гатузо.

Италијанскиот дефанзивец е во процес на опоравување, па можеби и ќе биде подготвен до дуелот со Тотнем, но Габриел се повреди за време на меч со Бразил. 

„Дали е лошо? Не знам. Медицинскиот персонал мора да го прегледа. Жал ми е поради ова, многу сме разочарани. Кога ќе се повреди играч, се надевате дека брзо ќе се опорави“, рече Анчелоти за Габриел по мечот меѓу Бразил и Сенегал.

Габриел и Калафиори стартуваа на сите досегашни натпревари на Арсенал во Премиер лигата.