Махачев стана УФЦ шампион во велтер категорија и влезе во посебното друштво!
Со овој успех Махачев влезе во посебно друштво, стана само 11. борец кој бил УФЦ шампион во две тежински категории, бидејќи претходно беше шампион и во лесна категорија.
Во денешната борба Махачев беше доминантен од првата до последната минути низ петте рунди и кога времето измина беше јасно дека неговата рака ќе биде крената за нов шампион.
Махачев со оваа победа стигна до 29 победи во 30 професионални настапи. Со тоа се изедначи со својот пријател и тренер Хабиб Нурмагомедов, но дојде и до уште еден рекорд кој со години се чинеше недопирлив.
Имено, Махачев победи на 16 последователни меча, со што се изедначи со Андерсон Силва кој досега беше единствениот борец со таква низа. Во идниот меч Дагестанецот ќе има шанса да отиде пред Бразилецот и да биде осамен на врвот.
Пред оваа борба се одржа дуелот меѓу Валентина Шевченко и Веили Женг. Шевченко победи со судиска одлука. За неа ова беше 11. титула со што стана четвртата во УФЦ на листата со најмногу освоени појаци.