Голферката со најбујни гради избркана од турнир поради – мамење во финалето (ВИДЕО)

Американската голферка со хрватско потекло Пејџ Спиранац, која меѓу другото е позната и како една од спортистките со најбујни гради, беше дисквалификувана од финалето на турнирот во Мисури, откако судиите утврдија дека извршила „недозволено мешање во играта“ и на тој начин му овозможила полесен удар на својот партнер, Малоси Тогисали.

Клучниот момент се случил кога Спиранац со раце ја раздвоила високата трева околу топчето, обидувајќи се да создаде подобра позиција за удар. Иако Тогисали упатил одличенудар, противниците веднаш поднеле официјален приговор, по што турнирската комисија ја прогласила интервенцијата за јасно прекршување на правилата. Голферката навела дека не знаела дека ваквата постапка е недозволена, а присутните сведочат дека по објавата на одлуката дури и заплакала. Со дисквалификацијата, нејзиниот тим го загуби финалето, а титулата и наградата од еден милион долари.

Покрај голфот, таа неодамна се појави и во филмот „Хепи Гилмор 2“, каде накратко глуми покрај Адам Сандлер. Спиранац е родена во Колорадо, а нејзините родители Дeн и Анет имаат хрватско потекло — татко ѝ играл американски фудбал на Универзитетот во Питсбург.