Велс ќе биде сериозно ослабен за пресметката со Македонија!

Велс го одигра мечот во Лихтенштајн, победи со 1-0, па сега се е познато пред клучниот дуел на Македонија против нив во Кардиф.

Покрај тоа што дознавме дека ни е доволен и бод за да останеме на второто место, добра вест за нас е и тоа што Велс остана без својот капитен.

Фудбалерот на Лидс и капитен на Велс, Ампаду доби жолт картон во финишот од натпреварот, а тоа значи дека ќе биде суспендиран за натпреварот против Македонија.

Покрај Ампаду, поради жолти картони против Македонија нема да игра и стрелецот на денешниот меч, играчот од средниот ред, Џордан Џејмс.

Натпреварот меѓу Велс и Македонија се игра во вторник со почеток од 20:45 часот.