Синер и 13-ти пат по ред го прегази Де Минор за финале на завршниот мастерс!
Миленик на домашната публика славеше со 7-5, 6-2 во првиот полуфинален меч и го задржа совршениот биланс против Австралиецот. Синер со овој триумф останува без загубен сет на турнирот во сите четири досегашни настапи. Италијанецот истовремено стигна до 30-тата последователна победа во мечевите одиграни во сала. Во првиот сет покажа голема ментална стабилност, откако одбрани три шанси за брејк на самиот почеток.
Притисокот што го создаваше на сервисот на Де Минор вроди со плод во завршницата, кога направи „брејк“ при водство 6-5. Синер во вториот сет тргна моќно и брзо поведе со 4-0, повторно не дозволувајќи да го загуби сервисот. Со контрола во сите сегменти од играта, мечот го затвори со убедливи 6-2.
Во второто вечерашно финале, Карлос Алкарас, кој со самиот пласман во оваа фаза си го врати првото место на АТП-листата, ќе ги одмери силите со Феликс Оже-Алијасим.