Една ужасна четвртина на кошаркарките за пораз од Грција!
Македонија одигра три одлични четвртини, но вториот период го загубивме катастрофално и тоа беше решавачко за поразот од Гркинките.
Во првиот период двете селекции се менуваа во водство, ни имавме и пет поени предност, беше 21-16. На крајот четвртината заврши нерешено 23-23.
Вистински бродолом ни се случи во вториот период во кој бевме буквално прегазени од грчките кошаркари кои тие десет минути ги добија со 36-16 и направија недостижна предност.
Во второто полувреме Македонија беше подобра, другиот дел од мечот го добивме со 45-42, но тоа не беше доволно за сензација. Конечниот резултат гласеше 101-84 за Грција.
Најдобра во нашиот состав беше Митрашиновиќ со 23 поени, имаше и 10 асистенции и девет скокови, Селцова постигна 19, Хемпе 16. Кај Грција најдобра беше Кристинаки со 23 поени, Фасоула даде 22.
По два одиграни меча во квалификациите Македонија има една победа и еден пораз, следниот натпревар го играме во вторник на гостински терен кај Хрватска која денеска загуби од Данска со 77-89.






